Допис до Судски совет

До Здружението на судска администрација пристигнуваат апели за заштита на здравјето на вработените во судовите со оглед на актуелната навистина тешка состојба кога бројот на новозаразени или лица во изолација е голем во целата држава па така и во судовите.

Според добиените известувања, во голем дел судови отсуствуваат мерки за заштита соодветни на пандемиските услови за работа на вработените и не се почитуваат препораките на Владата на Република Северна Македонија на  13-та седница одржана на 20.10.2020 година и Комисијата за заразни болести, целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива  во смени или онлајн од дома или, пак редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите .

Од овие причини, повторно упатуваме апел  за дополнителен ангажман од страна на Судскиот совет да ургирате до судовите, во овој период да ги искористат сите можности  и да направат максимални напори за прилагодување на организацијата на работата во насока на  примена на мерките и препораките  на Владата и Комисијата за заразни болести .

Судови во Република Северна Македонија