Делегација на Здружението на судска администрација оствари средба со Претседателот на Судскиот совет

На ден 17.05.2019 е остварена  средба на Претседателот и членовите на `управниот одбор ,на ЗСА,  Сашо Темелкоски, Лидија Таневска Јадровска и Борче Мирчески со Претседателот на  Судскиот совет на Република Северна Македонија, г-н Киро Здравев. На средбата, претставниците на ЗСА во свое име и во име на членовите на Здружението  на судска администрација, го честитаа изборот на функцијата Претседател на  Судскиот совет на г-н Здравев со желби за успешно извршување на истата.

         Претседателот на Судскиот совет г-х  Здравев,  на одржаната средба  беше запознат со одржаното Годишно собрание на ЗСА во Струмица,  текот на работата на истото и изборот на нов претседател на  Здружението. Истакнати се нашите очекувања за соработка со Судскиот совет по сите прашања кои  ги тангираат правата и обврските на вработените во судската служба.

         Иако протоколарна,  на средбата  се разговараше и за актуелната состојба на судската служба, посебно во делот на исплатата на додатоците на плата за судските службеници и статусот на вработените кои вршат технички и помошни работи. Претседателот на Судскиот совет истакна дека како човек со повеќегодишно судиско искуство, ја цени и почитува улогата на  судската служба во работата на судовите и ќе се залага истата паралелно со исполнувањето на професионалните обврски да  ја подобри и својата материјална  положба. 

                                                                       Претседател на ЗСА,

                                                                         Сашо Темелкоски

Судови во Република Северна Македонија