ЧЕСТИТ ДЕН НА ПРАВОСУДСТВОТО

ЗСА бр.7/2020

31.03.2020 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани,

            Здружението на судска администрација, на сите вработени во судската служба на судовите,   судиите, судите поротници, јавни обвинители, правобранители, адвокати, медијатори, нотари, извршители,  пробациската служба,  им го честита 31 март – Денот на правосудството во Република Северна Македонија, со желба за успешно извршување на работите од своја надлежност.

На денешен ден во  1945 година со донесувањето на повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија се поставени темелите на судството во Република Македонија . Со повелбата се основани 25 околиски судови, три обласни судови со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје.

Годишнината на одбележувањето на овој датум е можност  за промоција на  принципите за одговорност, транспарентност, професионалност, интегритет, непристрасност, стручност, и професионалност во работењето како темелни вредности за владеење на правото и функционирањето на правната држава.  Во изминатите 75 години на македонско правосудство, стремежот кон имплементација на овие принципи е вткаен во трудот на  генерации на вработени во правосудните институции.

 Денес, исправено пред барањата на современото општество, македонското правосудство е свесно за своите слабости но и свесно за неизбежноста на процесот за бескомпромисно опстојување на овие принципи  и достигнување на нови  повисоки стандарди во своето работење.

Со почит и желба за што поскоро надминување на актуелната ситуација со пандемијата која ја отежнува работата на сите граѓани во нашата држава,

ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДСКА АДМИНИСТРАЦИЈА

Судови во Република Северна Македонија