С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани,

             Здружението на судска администрација на Република С. Македонија, на сите судски службеници и вработени во судската служба на судовите, на судиите, судите поротници, јавните обвинители, правобранители, адвокати, медијатори, нотари, извршители и вработени во   пробациската служба,  им го честита 31 март – Денот на правосудството, со желба за успешно извршување на работите од своја надлежност.

На денешен ден во  1945 година со донесувањето на повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија се поставени темелите  на судството во Република Македонија

Во современата македонска држава, судството е исправено пред предизвикот да  се избори за сопствената институционална независност во рамките на демократското начело за  поделба на власта, преку  поголема транспарентност, ажурност и примена на европските и меѓународни правила и стандарди.

 Независноста не е само право и привилегија. Независноста пред се е темелна основа за владеења правото, за еднаквост на сите пред законите и за реализација на исконската потреба на човекот  да бара и очекува правда.

Судските службеници и судската служба на судовите  се  активни учесници во овој процес преку заложбите за  имплементација на нови и повисоки стандарди во своето работење како придонес кон градењето на независно и ефикасно судство во служба на граѓаните.

ЗДРУЖЕНИЕ НА СУДСКА АДМИНИСТРАЦИЈА

Судови во Република Северна Македонија